Ќе има ли Реал нов голман? Флорентино Перез проговори

од Vladimir Zorba

Се чини дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ја отфрли можноста за нов голман ова лето, откако се изрази доста позитивно за Кејлор Навас.

Репрезентативецот на Костарика постојано е критикуван поради неговата колеблива форма во текот на сезоната.

„Горди сме што имаме голман како Кејлор, што и да зборуваат другите. Ако продолжи да работи напорно, сигурно ќе биде со нас многу години“, изјави Флорентино Перез за „Марка“.

Како што е познато, зад Навас цврсто стои тренерот на „белите“ Зинедин Зидан, додека Перез одамна е фан на голманот на Манчестер Јунајтед Дејвид Де Хеа.

Голманот на „црвените ѓаволи“ беше дури и многу блиску до трансфер во Мадрид летото 2015 година, но буквално минути не стигнаа да го финализира договорот пред крај на трансфер прозорецот.

Сега Шпанецот преговара за нов договор со Јунајтед и очигледно неговиот пат нема да се пресече со оној на Реал.

Слични содржини