Ќе понесе ли Груевски одговорност или само купува време?!

од desk4

Ќе понесе ли одговорност Груевски за изборниот дебакл или пак само купува време?! Ова се дискусиите што ги водат аналитичарите, но и поранешни и сегашни членови на партијата – дали Груевски сам ќе го напушти кормилото на ВМРО – ДПМНЕ или пак ќе треба да биде соборен од тронот по најголемиот изборен пораз? – анализира Телма

Нашите соговорници велат дека мора да се организира вонреден партиски конгрес. Темата за внатрепартиската демократија стаса и до Брисел. Постизборно, реформаторите Богојевски, Михајловски и Богданов денеска имале средби со европратеници од Европската народна партија, сестринската партија на ВМРО – ДПМНЕ. Утре се сретнуваат со претставници на Европската комисија, но детали најавија по завршување на посетата на седиштето на ЕУ.

Лидерот на Фродем, Јове Кекеновски – поранешен член и функционер на ВМРО – ДПМНЕ повика да се обединат сите демократски сили поврзани со ВМРО – ДПМНЕ и со здружени сили да издејствуваат вонреден конгрес на кој ќе се бира нов претседател и раководство на партијата. Но, потенцира дека конгресот не смее да го организираат актуелните органи на партијата.

И поранешната пратеничка од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓулистана Марковска како и Кекеновски, смета дека Груевски не смее да го постави својот наследник, за партијата да може веќе до следните избори повторно да се крене.

Од Фродем посочуваат да не се дозволи тактизирање околу оставката за Груевски да не може се пазари со ослободување од обвиненијата.

Марковска вели дека Груевски не очекувал таков изборен дебакл каков што партијата не доживеала до сега и сега купува време.

Сите се согласни на Македонија и е потребна силна и конструктивна опозиција за државата да се придвижи по вистинската патека.

Слични содржини