Ќе се двои ли? Каталонија отвора „претставништво“ во Загреб!

од Vladimir Zorba

  Владата на шпанската автономна покраина Каталонија следниот месец ќе отвори „амбасада“ во Хрватска, која ќе ги покрива земјите од Југоисточна Европа, изјави за хрватскиот неделник „Глобус“ висок претставник на властите во Барселона.

– Во Хрватска сигурно ќе отвораме свое претставништво, како што направивме и во други делови на Европа, изјавил претставникот на каталонската регионална Влада, која за 1 октомври најави референдум за отцепување од Шпанија.

– Постојат стратешки критериуми поради кои ја одбравме Хрватска, вели тој, несакајчи да ги наведе, пред да се случи официјалното отворање.

Во Барселона тоа „претставништво“ официјално го нарекуваат „делегација“ иако го сметаат за амбасада на регионот со 7,5 милиони жители. Каталонците на тој начин од Загреб ќе настојуваат да ги остварат политичките и економските интереси во Словенија, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово, Албанија, а можно е и во Бугарија и Романија.

Хрватското Министерство за надворешни работи не одговори дали негов претставник ќе присустува на отворањето на претставништвото во Загреб, ниту дали се во контакт со Владата на Каталонија.

Слични содржини