Ќе се наплаќа влезот на Калемегдан во Белград?

од desk2

Можно е влезот на познатиот Калемегдан во Белград во следните неколку години да почне да се наплаќа.


Како што јавува B92.net таа одлука веројатно ќе ја донесат од Јавното претпријатие „Белградска тврдина“. Сепак, нема да се наплаќа влез во цел Калемегдан, туку само за Горниот град, што на јавното претпријатие кое стопанисува со тој дел ЈП„Калемегданска тврдина“ би му донело повеќе приходи.

Од таму наведуваат дека одлуката се уште не е донесена, но има логика во ваквити размислување, затоа што во целиот свет влзеот во најпознатите туристички знаменитости се наплаќа.

Тврдината и паркот Калемегдан се еден од најважните симболи на Белград, а во Горниот град се наоѓаат повеќе историско-културни споменици, како Римскиот бунар, Саат кулата и Педникот.

Белградската тврдина е подигната од почетокот на 1 век како палисад со земјени бедеми, за со текот на вековите да се развива во римски каструм, византиски кастел и средновековна утврдена престолнина на Српското деспотство, за на крајот да биде австриско и османлиско артилериско утврдување.

Слични содржини