Ќе се оствари ли апокалипсата на Нострадамус – што ќе се случи на 21 Август? – Големиот крал на теророт доаѓа од небото…

од Vladimir Zorba

Конспиративни теории за крајот на светот кој ќе се случи 21 август се појавија пред целосното затемнување на Сонцето, прво по 1999 година.

Ќе се оствари ли апокалипсата на Нострадамус – што ќе се случи на 21 Август? Ова се прашањата на кои љубителите на конспиративните теми коментираат деновиве.

И при сончевото затемнување во Европа во август 1999 година се појави теоријата дека вселенската катастрофа е неизбежна, бидејќи Нострадамус го предвидел враќањето на освојувачот Џингис Кан:
“Во 1999 година, во седмиот месец, од небото доаѓа еден голем цар на теророт. За да врати големиот цар на Монголите, Марс тимфално управува пред и после “.
Сепак, Џингис Кан не се врати во 1999 година.

Некои ова го поврзуваат пророштвото на Нострадамус со скриените пророштва во Библијата, особено во Откровението на Јован, кое подобро е познато како Апокалипса. Според оваа теорија кон Земјата лета астероид кој ќе предизвика цунами и ќе г ги збрише луѓето.

Други веруваат дека во текот на затемнувањето ќе се појават група на туѓи бродови. Според друга верзија, кон Земјата не лета астероид, туку џиновцка мистериозна планета наречена Нибиру. Од НАСА постојано ги уверуваат заговорниците дека оваа планета е полна измислица, но наместо да исчезне, ова сценарио се дополнува со нови детали.

Постојат тврдења на Интернет дека НАСА, па дури и Гугл само го кријат постоењето на оваа планета. Научникот Дејвид Морисон, работел за НАСА, признава дека е бомбардиран со писма на загрижени граѓани кои го прашале кога Нибиру ќе се судри со Земјата.

Христијански фанатици сметаат дека сончевото затемнување за едно од 10-те катастрофи, е укажано во Библијата. Според други новата божја казна веќе е тука, откако на многу места во светот оваа година има невообичаено голема количина инсекти. Дури и ако апокалипсата исчезне и овојпат тоа нема да биде конечно спасение. Според фанатиците светот можеби ќе загине во 2024 година, кога на 8 април се очекува ново целосно затемнување на Сонцето.

Слични содржини