Ќе учествуваат ли Русите во Пјонгчанг? Зависи од спортскиот суд!

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на спортскиот арбитражен суд (КАС) Матју Риб соопшти дека руските спортисти ќе можат да учествуваат на зимските Олимписки игри во Република Кореја, кои почнуваат во петок, ако нивните жалби бидат одобрени.

Вкупно 47 руски натпреварувачи поднесоа жалби до КАС против одлуката на Меѓународниот олимписки комитет да не ги примат на игрите во Пјонгчанг, поради сомневање за допинг.

Првите 32 претставки се разгледуваат денес, додека останатите 15 се за утре, а одлука се очекува во четврток навечер или петок наутро.

„Ако жалбите на руските спортисти бидат прифатени, тоа значи дека тие ќе можат да учествуваат на Олимпијадата. Со тоа ќе биде ставен крај на оваа приказна. И нема да има последователни одлуки. Теоретски е можно жалба до Трибунал, но тоа е малку веројатно“, рече Риб.

„Целта ни е до Церемонијата на отворањето на Игрите во петокот вечерта се да биде завршено. Затоа ќе се обидеме да донесеме одлука уште во четврток. Такво е нашата намера, но се уште не знаеме колку време ќе продолжи седницата и дали тоа ќе биде можно. Во краен случај, одлуката ќе биде објавена во петок наутро“, додаде тој.

Слични содржини