Ќе заврши(ли) конститутивната седница на Собранието?

од Vladimir Zorba

– Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која се дебатира за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а на чиј дневен ред суштинско е избор на претседател на новото Собрание на РМ .

Во досегашниот тек од расправата , има само блокада на овој избор и режирани монолози на пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои како главна тема ја  форсираат т.н „ тиранска “платформа и нови избори како можност за излез од кризата.

Од СДСМ, пак, сметаат дека со расправата не се почитува собранискиот Деловник и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневниот ред, и дека тоа е класична злоупотеба од страна на претседавачот Трајко Вељановски кој насилно блокира, и не сака да прејде на следната точка  и покрај барањето на парламентарното мнозинство, кое во секоја парламентарно мнозинство го диктира и изборот и политиките.

Пратениците  со блокадата и митингашките дискусии од ВМРО-ДПМНЕ на овој начин сакаат да спречат избор на претседател и формирање нова влада и сакаат  СДСМ да се откажат од овие резултати,да се поништат изборите  и да се оди на нови избори, каде шак тие преку кампањата која сега ја водат и од собраниската говорница,сметаат дека  лесно би добиле повеќе пратеници и не би морале да заминат во опозиција. Сепак тоа е само нивниот филм и нивните желби  и планови со кои  сметаат дека се задржуваат на власт.Сето тоа се пакува дека ја бранат уитарноста на државата, иако тој браник си е дефиниран со Уставот на државата.

СДСМ и парламентарното мнозинство  побараа да се премине на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието, за да се убрза овој процес и повеќе не дискутираат, но и тоа нема ефект.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.Сега има мнозинство но има и блокада за смена на власта.

Груевски и Заев имаат директни средби- за што?

Од меѓународната заедница, од  ЕУ, Брисел, Вашингтон , Берлин  и директно и индиректно се бара демократска мирна смена на власта, почитување на изборните резултати , веднаш формирање инстиуции  на државата , а то значи ВМРО ДПМНЕ да се повлече во опозиција, а парламентарното мнозинство да ја преземе власта и да формира нова реформска влада.

Денеска во 11 часот почнува продлжението на конститутивната седница.

Слични содржини