Ќерката на војводата и војвотката од Кембриџ, принцезата Шарлот, ќе биде крстена оваа недела во црквата на кралската палата Сандриграм во Норфолк.

За разлика од крштевката на нејзиниот брат принцот Џорџ, што се одржа во тесен круг, крштевката на Шарлот ќе биде јавна. Желбата е лично на Вилијам и Кејт, објави британскиот Телеграф.150502132905-02-royal-baby-0502-super-169

Кралската двојка инсистираше пред црковните службеници на Сент Мари Мадлен луѓето да имаат пристап до ходникот на храмот, за да може да се види мала принцеза пред и по крштевката. А сепак, за да се почитува приватниот карактер на настанот, само гостите на кралската двојка ќе имаат пристап во внатрешноста на црквата.

Илјадници посетители ќе можат да се доближат до самата црква. За прв пат кралска крштевка ќе биде отворена за јавноста. “Војводата и Војвотката од Кембриџ се бескрајно благодарни за сите желби кои ги добија по повод раѓањето на принцезата Шарлот, од кои многу од жителите на Норфолк. Двајцата се одушевени дека на денот на крштевката црковното предворје ќе биде достапно за луѓето”, соопштуваат од дворецот во Кенсингтон.

Слични содржини