Кејт Мидлтон и бебето се враќаат дома денес

од Vladimir Zorba

На 23 април (вчера) војвотката на Кембриџ Кејт роди трет наследник во истата болница во која дојдоа на светот првите нејзини две деца – принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Познато е дека принцот Вилијам бил присутен за време на раѓањето и малку подоцна ги однел таму Шарлот и Џорџ за да се запознаат со новороденото братче, пишува Reuters.

Британскиот премиер Тереза Меј испрати порака на војводата и војвотката од Кембриџ за раѓањето на нивното бебе.

Од палатата Кенсингтон соопштија дека Нејзиното Кралско Височество војвотката на Кембриџ ќе ја напушти болницата “Сент Мери” вечерва. Се уште не се соопштува кое е името на детето.

Слични содржини