Кејт Винслет е горда носителка на “Оскар” (за улогата во The Reader во 2009), но за разлика од доста други ѕвезди не го чува трофејот на почесно место во витрина во луксузниот дом, туку во бањата. Актерката призна дека невообичаеното место е специјално избрано за да им помага на гостите да вежбаат за својата статуетка.76b4cf8a41e20bb2722d48f358908dc9

“Целата идеја е да излезеш, да си го земеш Оскарот и потоа да кажеш нешто од типот на:” Би сакал да се заблагодарам на својот син, татко … “. Луѓето поминуваат доста време во бањата, откако ќе ја завршат работата така може да тренираат со мојот трофеј. И секогаш можеш да познаеш кој тоа го прави, бидејќи лицата им се малку поцрвенети потоа “, изјави за списанието WSJ убавицата.

Следната недела Винслет ќе наполни 40 години и призна дека планира неколку забави за јубилејот.

“Најубавиот дел од тоа дека полнам 40, се забавите кои сум ги испланирала. Ќе направам многу различни нешта и ќе поканам куп пријатели, роднини и деца.

Се надевам дека ќе се забавуваме повеќе на отворено и ќе правиме  палави работи “, објасни шармантната ѕвезда.