Кeјти Пери, Елтон Џон и Андра Деј се меѓу музичките изведувачи кои ќе учествуваат во посебен предизборен концерт на Хилари Клинтон. Трите ѕвезди ќе излезат на сцената на “Рејдио Сити Мјузик Хол” во Њујорк на 2 март.4654101

Билетите за настанот насловен како “I’m with Her” (Јас сум со неа) ќе чинат 125 долари, а собраните средства ќе бидат наменети за кампањата на Клинтон, објави “Билборд”. Сопругот на кандидатката, поранешниот претседател Бил Клинтон, како и нивната ќерка Челзи исто така ќе присуствуваат.

Кејти Пери веќе покажала постојана поддршка за Хилари. Во октомври таа ја пееше патриотска песна “America the Beautiful” заедно со неколку свои хитови за време на друг предизборен концерт на Клинтон во Ајова. Претстои да се разбере дали концертот во Њујорк ќе биде радосен или почесен повод.

Ден пред тоа, на 1 март, е т.н.. “Супер Вторник”. Тоа е датумот во која во повеќето Американски Држави ќе се одржат прелиминарни партиски избори. Клинтон се бори да биде претседателски кандидат на Демократската партија. Нејзин конкурент е Демократската социјалист Берни Сандерс. Идните претседателски избори се во ноември.

Слични содржини