Кербер и Цибулкова полуфиналистки на ВТА турнирот во Сингапур

од Vladimir Zorba

Германката Анџелик Кербер и словачката тенисерка Доминика Цибулкова ќе играат во полуфиналето на турнирот во Сингапур.download-84

Цибулкова ја совлада Симона Халеп со 2-0, по сетови 6:3 и 7:6 во првиот натпревар од 3.коло во „Црвената група“. На тој начин таа остана во конкуренција за полуфинале, а тоа се случи по победата на Кербер над Медисон Киз (САД) со 2-0, по сетови 6:3 и 6:3. На Американката и беше потребен барем сет за да оди во следната фаза, но тоа не се случи.

Утре ќе се играат натпреварите од последното (3.коло) во „Белата група“. Двојките се:

Гарбине Мугуруза (Шпанија) – Светлана Кузњецова (Русија) и
Агњешка Радванска (Полска) – Каролина Плишкова (Чешка)./МИА

Слични содржини