Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се согласија дека првите информации за почитување на прекинот на огнот во Сирија даваат надеж, но нагласија дека за постигнување успех се потребни уште напори од сите страни во конфликтот.

John Kerry and  Sergei Lavrov  in Moscow

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави синоќа дека ова двајцата министри го заклучиле во телефонски разговор.

Тие разговарале за обновувањето на преговорите, закажано за 7 март во рамки на Меѓународната група за поддршка на Сирија, како и за темата за координација на САД и Русија во воената област во врска со сириската криза.

Кери и Лавров се осврнале и на ситуацијата во Северна Кореја и подготовките на новата резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации во однос на ракетната и нуклеарната активност на Пјонгјанг/МИА

Слични содржини