Кери: Примирјето во Сирија не е мртво

од Vladimir Zorba

timthumb-2

Американскиот државен секретар Џон Кери по денешниот состанок на Меѓународната група за поддршка на Сирија изјави дека прекинот на огнот „не е мртов“ и покрај продолжувањето на борбите во земјата.

Претставникот на Обединети нации Стафан де Мистура изјави дека се уште има надеж за ново примирје.
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон изјави дека на состанокот доминантно било расположението дека „не треба да се кренат раце“.

– Тоа беше драматичен состанок, расположението беше тешко. Дали има надеж, се уште не можам да одговорам, но треба да направиме се што можеме, посочи францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро.

Тој оцеми и дека американско-руската преговарачка рамка ги достигнала своите граници, додавајќи дека другите земји треба да им помогнат на Москва и Вашингтон да ги надминат разликите.

Слични содржини