Стејт департментот не одржува контакти со турскиот исламски проповедник Фетулах Ѓулен, изјави американскиот државен секретар Џон Кери, јави ДПА. кери

Турција тврди дека Ѓулен стои зад неуспешниот обид за преврат од минатата недела и бара негова екстрадиција од САД, при што испрати во Вашингтон повеќе документи како доказ за неговото учество во пучот.

– Екстрадицијата сепак може да биде разгледана, само откако ќе се појават факти, кои јасно укажуваат дека тој учествувал во пучот, додаде Кери.

– Не ни испраќајте обвинувања, испратете ни докази, рече тој

Слични содржини