Ќерката и зетот на Трамп “го сторија ” тоа

од Vladimir Zorba

Двајцата ќе одат во Кина, соопштија од Белата куќа  

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп и нејзиниот сопруг  Џаред Кушнер прифатиле да ја посетат Кина. Официјалниот претставник на Белата куќа Шон Спајсер го  потврди ова во петочниот брифинг за медиумите.  На прашање на новинар за евентуално прифатена покана за посета на Кина на блискиот  до претседателот пар Спајсер ја потврди веста кратко “Тие го направија тоа “.

Американските медиуми пишуваат од вторникот за поканата кон ќерката и зетот на Трамп да ја посетат Кина. Двајцата се не само во блиски роднински врски со претседателот, но се и негови официјални советници.  Во некои коментари тие шпекулираат дека нивното патување може да е дел од подготовките на посетата на Кина на Доналд Трамп.

Слични содржини