Ќерката на Пит настрада, тој се подготвува за нов удар на Џоли

од Vladimir Zorba

Бред Пит е подготвен да започне нова војна со поранешната Анџелина Џоли за старателството на децата. По десетици грди скандали и закани, шесте деца го поминуваат речиси целото време кај нивната мајка, што никако не ѝ се допаѓа на ѕвездата, но сега тој има ново “оружје против неа” – ќерка му се повредила во паркот додека Џоли била во Женева .

8-годишната Вивиен била со дадилката во лондонскиот Хајд парк, каде си ја удрила главата на метален парапет и лежела на земјата повеќе од 10 минути по инцидентот. Во тоа време жената, на чии грижи била доверена, возела велосипед низ паркот со братот близнак на Вивиен – Нокс.

Во меѓувреме Анџелина немала и поим што се случува, бидејќи била на конференција на ОН во Женева, каде држела говор.

“Кога Бред дозна за тоа што се случило, излезе од такт. Овие деца можеше да се повредат многу лошо. Досега тој беше оцрнет како лошиот и не смееше да се крене против Анџелина јавно, за да не му забрани воопшто да ги гледа децата. Но сега тој е жеден за крв “, откри близок до актерот пред RadarOnline.

Слични содржини