Ќерката на Ругова, Теута: Нема да го поддржиме Харадинај за премиер

од desk3

Пратеничката на Демократскиот сојуз на Косово Теута Ругова, ќерка на поранешниот претседател на Косово и основач на  партијата Ибрахим, нема да го поддржи Хашим Тачи за премиер. Ова за приштинскиот весник Зери, го изјави претседателот на партијата Љуфти Хазири. Според неговите зборови, одлуката на Теута Ругова е јасна, а тоа е дека ќе гласа за ставот кој ќе го застапува ДСК.

 
 Претседателот на привремените косовски институции Хашим Тачи по предвремените парламентарни избори на Косово  на 11 јуни, тврдеше дека најрано парламентот ќе биде конституиран до 10 јули а потоа најдоцна до 27 јули, за вчера да каже дека по консултацијата со представнците на големата т.н. воена коалициа, одлучи конститутивната седниа на Парламентот да биде одржана на 3 август, четири дена пред истекот на законскиот рок.

Одолговлекувањето на свикувањето на конститутивната седница на парламентот во дел од косовската јаност се толкува дека Харадинај нема доволно пратеници за формирање на парламентарно мнозинство и добивање на мандат за формирање на нова влада.

 

Слични содржини