Ќерките на Сталоне му го украле од телефонот бројот на Лиам Хемсворт

од Vladimir Zorba

Ќерката на Силвестер Сталоне – Софија (20) призна дека го украла од телефонот на татка си бројот на сексапилниот ктер Лиам Хемсворт во кој тајно била заљубена. За жал, кога со помалата сестра Систин собрале храброст и му свртеле, никој не им кренал.

Лиам Хемсворт сепак не е единствената ѕвездена личност по која трите убавици Софија (20), Систин (18) и Скарлет (14) се залетале, откако ги виделе во живо. Пред “Харперс базар” сестрите издаваат дека секоја од нив си има холивудска ѕвезда, која направиле колената да им се затресат.

За Софија тоа е Рајан Рејнолдс, за Систин – Леонардо ди Каприо, а за Скарлет – Рајан Гослинг. Најмалата дури изјави дека била на пат да се онесвести кога се запознала за прв пат со актерот од “Ла Ла Ленд”.

Во меѓувреме триото откри пред изданието дека нема планови да оди по патот на татка си и да започне актерска кариера.

Слични содржини