Кевин Спејси ја спореди „Куќа од карти“ со управувањето на Трамп

од Vladimir Zorba

Актерот Кевин Спејси направи споредба помеѓу хит серијата “Куќа од карти” и управувањето на Трамп, истакнувајќи дека продукцијата има барем “подобри сценаристи”. “Понекогаш вистината е исто толку чудна колку и фикцијата. Во еден момент меѓу снимањето на сезоната и неговото пуштање во етерот се покажа дека три-четири-пет нешта од заплетот на шоуто веќе се случиле во реалноста”, рече 57-годишната ѕвезда во шоуто на Стивен Колбер.

“Куќа од карти” е во моментот еден од најгледаните серии во Америка, откривајќи ја политичката корупција и задкулисините игри во Вашингтон. Во него Спејси влегува во улогата на жедниот за власт демократ Френсис Андервуд кои е подготвен да помине дури и преку трупови за да добие така посакувана претседателска позиција- што се случува на крајот.

“Треба да си признаам – мислам дека никогаш не сме биле толку поврзани (со реалниот политички живот). Сепак верувам дека нашите сценаристи се подобри”, се пошегува тој.

Слични содржини