KFC ќе користи софтвер за препознавање на ликови за да открие што ни се јаде

од Vladimir Zorba

Кога ќе отпатувате некаде, не знаете што да изберете од долгата листа со висококалоричните “фаст фууд” искушенија на KFC? Од компанијата веќе сфатиле како да ви ја решат дилемата брзо – со препознавање на лицето. Новата технологија ќе биде воведена наскоро во кинески гранки на ресторанот за брза храна.

Иновацијата цели да им понуди на гладните клиенти најдобар избор, потпирајќи се на нивното лице. Така, врз основа на години, пол и други идентификатори, софтверот ќе открива што им се јаде и дури ќе генерира за нив специјални кориснички менија.

Клиентите сепак нема да бидат обврзани да го изберат она што и компјутерот. Тие ќе можат спокојно да ги одбијат предлозите и да си купат нешто друго. Или барем засега.

Слични содржини