КХВ: Не вршиме надзор над FX Lider, инвеститорите да бидат внимателни

од Vladimir Zorba

Домашните инвеститори да бидат особено внимателни при разгледување и прифаќање директни или понуди на веб страната на FX Lider, имајќи предвид дека Комисијата за хартии од вредност на РМ не врши надзор и супервизија над законитоста во неговото работење, ниту може да влијае врз заштита на правата и интересите на инвеститорите, соопшти денеска КХВ. 

khv1[1] komisija za hartii od vrednost

Предупредувањето од КХВ е во однос на друштвото кое ги извршува своите активности под називот FX Lider ФЏ преку интернет страната http://www.fxlider.com.

– Преку наведената веб страна и преку изјавите и написите дадени преку медиумите се посочува дека помеѓу FXLider и инвестициското друштво Fortrade Ltd Лондон постои договор за соработка и промоција на услугите  за тргување и платформите за тргување на Fortrade Ltd. Лондон, инвестициско друштво со овластување и под супервизија на регулаторот од Обединетото Кралство FCA (Financial Conduct Authorits). Согласно Законот за хартии од вредност, странска брокерска куќа која е овластена да ги врши сите или некои од услугите со хартиите од вредност во која било од земјите членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), може да ги врши истите услуги на територијата на Република Македонија преку своја подружница која има дозвола за работење добиена од Комисијата, се вели во соопштението од КХВ.

Друштвото кое ги врши своите активности под називот FX Lider, истакнува КХВ, не е брокерска куќа со дозвола за работење добиена од Комисијата,  не е подружница на странска брокерска куќа која има добиено дозвола за работење од Комисијата односно не е регистрирана подружница на Fortrade Ltd. Лондон во Република Македонија. Врз основа на Законот за хартии од вредност, Fortrade Ltd. Лондон, нема овластување за давање услуги со хартии од вредност на територијата на Република.

Регистарот на брокерските куќи кои имаат дозвола за работење добиена од Комисијата  е достапен на веб страната на КХВ:www.sec.gov.mk.

Слични содржини