тепање
На 28.05.2016 година околу 02,10 часот во ПС-Кичево, од страна на МЦ-Кичево телефонски било пријавено дека кај нив бил донесен Џ.С.(19) од Кичево, со повреда од нож во вид на расекотина во пределот на слабината и левата надлактица, кој по укажаната лекарска помош бил пренесен во МЦ-Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во УЦ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кичево, при што било констатирано дека околу 01,30 часот во Кичево на ул„М.Јовески“ Џ.С.кој бил во алкохолизирана состојба започнал расправија со 16 годишна малолетничка со која живеел во вонбрачна заедница по што физички ја нападнал. Во еден момент истата зела нож кој бил на масата и со него го удрила во пределот на левата рака-надлактица и во пределот на слабината, нанесувајќи му повреда, а потоа Џ.С. земајќи и го ножот од рака и нанел расекотина на десната рака, по што го фрлил во ходникот од станот, излегол и се упатил во МЦ-Кичево. Од страна на УПС, ножот бил пронајден и даден за вештачење. Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на родител за што бил известен и работник од ЦСР-Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Слични содржини