Кичевец пронајден мртов во својот дом со повреди на вратот

од desk2

Од полицијата велат дека вчера околу 19 часот во Кичево на ул. „11 Октомври“ било пријавено дека во неговиот дом бил пронајден починат И.П. (42).

Оттаму додаваат дека од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, а на телото биле забележани видливи повреди во вид на модринки и црвенило во пределот на подбрадокот и вратот.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Кичево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Слични содржини