Киев заплени 1,4 милијарди евра од поранешниот претседател Јанукович

од Vladimir Zorba

Украина започна постапка за враќање на украдени од поранешниот претседател Виктор Јанукович и негови блиски пријатели државни средства во вредност од 1,4 милијарди евра, пренесе Франс прес.

Советот за национална безбедност и одбрана во коминике соопшти дека државната банка “Ошчаадбанк” почнала со конфискацијата на овие средства во согласност со судска одлука. Според претседателот на советот Олександр Турчинов во украинската каса ќе бидат вратени 1,4 милијарди евра.

“Овие пари се украдени од украинскиот народ. Извлечени се од џебот на секој Украинец”, рече во говорот претседателот Петро Порошенко.

Неговата прес служба посочи дека во времето кога Јанукович беше на власт, се украдени 40 милијарди гривни – сума која е еднаква на малку под пет милијарди евра. Поранешниот проруски претседател на Украина е обвинет дека проневерил милијарди долари во четирите години додека беше на власт – од 2010 до 2014 година, кога Јанукович избега во Русија по проевропските немири во Киев.

Слични содржини