Полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-нам бил убиен со силни отровни материи, дефинирани  од ОН како оружје за масовно уништување. Ова се заклучоците во прелиминарниот извештај на малезиската полиција врз основа на истражувања на материја, запленети од лицето и очите на 45-годишниот маж.

Ким Џонг-нам, кој иако во егзил, беше сметан од некои за легитимен наследник на Ким Џонг-ил и закана за диктатурата на неговиот брат, почина минатата недела, по напад со две жени на аеродромот во Куала Лумпур.

Преглед на сликата во Twitter

CCTV камери сго снимиле нападот на аеродромот во малезиската престолнина. Видеото покажува од два различни агли жена која застанува зад Ким Џонг-нам и  го фаќа по лицето со двете раце, а потоа се оддалечува.

Нервен  материја “Ви Екс” е хемиско оружје,или уште S-2 Diisoprophylaminoethyl methylphosphonothiolate, дефинитивно од ОН дефиниранп како оружје за масовно уништување. Се смета дека тоа е токсичен агенс.

Photo published for Malaysia says VX nerve agent was used in murder of Kim Jong Nam

VX нема вкус или мирис и е забранет

од Конвенцијата за хемиско оружје, со исклучок на “истражувачки, медицински или фармацевтски цели”.

Тоа може да биде во форма на течност, крем или спреј. Апсорбирано во големи дози, агенсот  станува фатален по 15 минути.

Во 2015 година, траги од зраци и VX беа откриени во Сирија.

Преглед на сликата во Twitter

Убиството предизвика дипломатски тензии меѓу Малезија и Северна Кореја, која инсистираше да не се прави обдукција, а телото на убиениот да и  биде предадено.

Постариот брат на Ким Јонг-ун се подготвувал да полета за Макао, за да се види со семејството. На аеродромот Ким рекол на службеничка дека некој го нападнал откај грбот и му размазажал течност во лицето.Тој замолил за помош и веднаш бил испратен во клиниката на аеродромот. Во овој момент имал главоболки и бил на пат да  се онесвести. Во клиниката Ким имал лесна  несвестица, по што бил поставен во брза помош, за да биде однесен во болница. По патот тој умрел.

Во моментот се уапсени две жени – индонезијка и Малезијка , како и еден севернокореец.

45-годишниот Ким пристигна во Малезија на 6 февруари, недела пред својата смрт. Тој е вонбрачен син на шефот на Северна Кореја Ким Џонг-ил, роден од неговата врска со познатата севернокорејска актерка Сон Хе Рим. Ким Џонг-нам некогаш беше сметан за наследникот на Ким Џонг-ил, но паѓа во немилост пред татка си, по апсењето во Јапонија во 2001 година

Тогаш тој беше фатен со фалсификуван пасош на аеродром во Јапонија и објасни дека сакал да го посети Дизниленд во Токио. Испратен во егзил од Ким Џонг-ил, тој живее во Макао до смртта на својот татко во 2011 година Потоа почнува да се крие, најверојатно од страв дека неговиот брат – Ким Џонг-ун гледа во него закана за легитимноста на сопствениот режим.