Kим Кардашиан плати 379.500 за златниот часовник “Картие” на Џеки Кенеди!

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан беше учесничка во неодамнешната аукција на “Кристис” на која плати 379.500 долари за златниот часовник “Картие”, носен некогаш од првата дама на САД Џеки Кенеди, соопшти Контактмјузик.

Сајтот за познати холивудски ѕвезди TMZ.com појаснува дека Ким учествувала како анонимен купувач на аукцијата и платила тројно поголема цена од очекуваната. Првичната проценка на часовникот била 120 000 долари.

Купувањето на скапоцениот часовник доаѓа откако 36-годишната Ким беше ограбена во Париз минатата година по кој таа рече:”Не е тајна дека порано бев возбудена од материјалните нешта”, рече таа.

“Нема ништо лошо кога поседуваш некои работи и си работел напорно за да бидат вотвоја сопственост. Се гордеам со луѓето во опкружувањето, кои се успешни. Тоа веќе не ме возбудува”, додаде Кардашијан.

Ким Кардашијан, која го има 18-месечен син Сент и тригодишна ќерка Норт од нејзиниот сопруг, раперот Кание Вест, посочи дека грабежот била важна животен лекција. “Не сакам повеќе да плачам”, појасни таа и додаде: “Имам чувство дека во животот некои работи се случуваат, за да ти бидат лекција”.

Слични содржини