Ким Кардашијан беше обвинета за расизам поради шминка

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан направи нестандардна реклама на својата колекција шминки, со тоа што ја потемни за неколку нијанси кожата.

Бојата на кожата на Ким предизвика сериозна дискусија, а незадоволните коментари преовладуваат. Некои коментари одат и дотаму што ја обвинуваат Ким  за расизам. Според нив дополнителната компјутерска обработка не е само непотребна, но и расистичка. Тие сметаат дека таа се направила црна со цел рекламирање.

Ким сепак има и застапници, кои коментираат дека сепак станува збор за пудра.

Новата колекција на Кардашијан вклучува комплет за контуриране на лицето заедно со хајлајтер и двојна четка за мешање.

“Го реконструирам изгледот постојано, но она на што останувам верна, е скулптирањето”, изјави ТВ ѕвездата.

Таа и нејзината сестра Кајли Џенер пуштија на пазарот заедничката марка “KKW”, а серијата на Ким го носи името “KKW Beauty”. Таа ќе биде на пазарот од 21 јуни.

Слични содржини