Ким Кардашијан: Да бидам мајка ми е најважната работа

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан изјави дека приоритетите  радикално ѝ се промениле по раѓањето. 36-годишната телевизиска ѕвезда има 4-годишна ќерка на име Норт и син на речиси две години, на име Сент, заедно со нејзиниот сопруг Кание Вест. Таа објави слика вчера по повод Националниот ден на синот и ќерката и напиша: “Децата ги менуваат нештата на најдобар можен начин. Благодарам на моите бебиња дека ме избраа и ми дозволија да им бидам мајка”.

Потоа ѕвездата ги сподели трите најважни лекции кои ги научила од мајчинството – љубов, трпение и несебичност.

“Чувствувам таква безусловна љубов кон своите деца. Секогаш ќе ги сакам и ќе ги поддржувам во сè што тие избираат во животот. Можно е да има подеми и падови со децата, но независно од тоа, секогаш учиме толку многу. Да бидам мајка ми е најважната работа. Секој ден учиме нешто ново од нив и се чувствувам благословена дека можам да ги чувствувам сите овие мали моменти во животот “, напиша Ким.

Слични содржини