Ким Кардашијан и Кание Вест го крстија третото дете Чикаго

од Vladimir Zorba

Третото дете на Ким Кардашијан и Кание Вест, бебето родено од сурогат мајка, ќе се вика Чикаго, ја потврди веста риалити ѕвездата. “Норт, Сент и Чи”, (Север, Свети и Чи) напишала таа на “Твитер”.

Таа посочи дека нагалено името ќе се изговара Чај, а не Чи. Двојката веќе има две деца – 4-годишно девојче по име Норт и 2-годишно момче – Сент.

Сурогат мајката, чиј идентитет не се соопштува, добила 45 000 долари, за да го роди третото дете на двојката, посочува Специјализираниот сајт за вести од шоубизнисот TMZ. Според сајтот Ким Кардашијан добила компликации при второто раѓање и трета бременост можела да биде опасна за нејзиниот живот.

Самиот татко Кание Вест, кој исчезна од социјалните мрежи во мај 2017 година по хоспитализација поради “стрес и замор”, како што гласи официјалната верзија, не даде јавен коментар.

Слични содржини