Риалити ѕвездата, Ким Кардашијан Вест и нејзиниот сопруг, раперот Канје Вест, преговараат за снимање на биографски филм.

Според извори од нејзиното опркружување, двојката, која се венчаше во 2012 година и има три деца, Норт, Саинт и тримесечната Чикаго, родена од сурогат мајка, преговара за да ја прикаже својата приказна на голем екран со водечки филмски студија.

Ким Кардашијан и Кание Вест се подготвени за добра понуда да ги снимат подемите и падовите во нивната врска “. Ким и Кание не можат да се жалат на недостатокот на предлози за снимање на филм за нивниот живот.

Повеќето понуди сепак се или за ниско буџетни продукции, или во форма на совети од поголеми студиа, кои не се материјализираат. Сега сепак двојката е “забележана” од водечки компании како “Ворнер брадерс” и “Сони пикчрс” и во претставите веќе гледа голем хит, ако филмот биде снимен на вистински начин “, вели неименуван извор од опкружувањето, цитиран од списанието” Хит “.

 

Слични содржини