Ким Кардашијан и Кание Вест прават обиди за трето дете

од Vladimir Zorba

Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан потврди дека со нејзиниот сопруг Кание Вест прават обиди за трето дете. Во интервју за “Hollywood Reporter”, таа беше прашана дали има планови за зголемување составот на семејството.

“Се надевам”, одговори Ким. “Дефинитивно се обидуваме”, додаде 36-годишната бринета. Двајцата веќе се родители на две деца – Сент и Норт.

Неодамна Ким изјави дека приоритетите радикално ѝ се променија по раѓањето. Таа објави слика по повод Националниот ден на синот и ќерката и напиша: “Децата ги менуваат нештата на најдобар можен начин. Благодарам на моите бебиња дека ме избраа и ми дозволија да бидам мајка”.

Потоа ѕвездата ги сподели трите најважни лекции кои ги научила од мајчинството – љубов, трпение и несебичност.

“Чувствувам таква безусловна љубов кон своите деца. Секогаш ќе ги сакам и ќе ги поддржувам во сè што тие избираат во животот. Можно е да има подеми и падови со децата, но независно од тоа, секогаш учиме толку многу. Да бидам мајка е најважната моја работа. Секој ден учиме нешто ново од нив и се чувствувам благословена дека можам да чувствувам сите овие мали моменти во животот “, напиша американската ѕвезда.

Слични содржини