Ким Кардашијан и Кание Вест пред развод

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан и Кание Вест се пред развод, тврди извор близок до двајцата.

Следната недела е третата годишнина од нивната свадба, но двајцата не само што нема да го слават, но и најверојатно ќе го пречекаат личниот празник во развод, пишува The Mirror.

Кание заминал за Вајоминг, за да работи на својот нов албум и ја оставил Ким Кардашијан во Лос Анџелес.

“Сите сме загрижени дека тоа е знак за проблеми во врската и дека сакаат да поминат некое време разделени”, вели извор.

Очигледно за 36-годишната Ким Кардашијан е добро да не биде околу нејзиниот сопруг, бидејќи ќе искористи максимално од слободата.

“Мислам дека таа ужива во својата слобода да прави што сака, знаејќи дека Кание е надвор од градот и има добро друштво околу себе”, додава изворот.

Слични содржини