Ким Кардашијан краде бањарки од хотели

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан краде бањарки од бањите на хотелите во кои престојуваат.58eb69b4454f30f06ee810a9eab6b5f0

Сопругата на Кание Вест призна дека од време на време зема меки додатоци за во бања, особено кога престојуваат во едни од најскапите хотели во светот.

“Едно од моите омилени нешта при престојувањето во хотели се големите, меки бели бањарки, кои ги оставаат во собите. Секој кој патувал со мене знае дека сум опседната. “, изјави Ким во својот личен блог.

“Дури ќе признаам дека понекогаш ги земам од омилените хотели, како што Atlantis во Дубаи (жалам, украдов две крпи) и Montageво Беверли Хилс, бидејќи буквално ги имаат најдобрите”, продолжи сопругата на раперот.

Признанието изненади многу од фановите на реалити ѕвездата и дури предизвика негодување кај дел од нив.

Слични содржини