Ким Кардашијан платила на сурогат мајка 113 000 долари за да го износи третото дете

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан и раперот Кание Вест имаат склучено договор со сурогат мајка за колосални 113 000 долари за да им го износи третото дете. Според таблоидот сајт “Ти Ем Зи” родители веќе платиле депозит, во вредност од 68 илјади долари, а остатокот од сумата ќе биде исплатен на жената во следните 10 месеци. Ако таа роди здрави близнаци ќе се облажи со дополнителни 5 сметката.

За примамливиот чек сепак сурогат мајката ќе треба да се усогласи со не едно или две ограничувања. Според одредбите во договорот помеѓу неа и ѕвездената двојка, таа ќе биде лишена од секаква сексуална активност пред раѓањето, како и три недели по ембрионалната имплантација. Освен тоа по оплодувањето ќе ѝ биде е забрането да се капе во када со топла вода и да посетува сауни. Нема да може да си ја фарба косата, да јаде сурова риба и ќе има право на една пијалак со кофеин за целиот ден.

За желбата да му подари на својот сопруг трето дете преку сурогат мајка, Кардашијан зборува одамна во риалити шоуто Keeping Up With The Kardashians. Причината е дека непосредно пред раѓањето на своето второ дете Сент, ѕвездата беше предупредена од докторите дека страда состојба на плацентата и дека следната нејзина бременост може да е фатална како за плодот, така и за самата неа.

Слични содржини