Актерката Ким Катрал, попозната како Саманта Џонс во хит серијата “Сексот и градот”, изјави дека е малку веројатно четирите актерки да се соберат за трето продолжение на истоимениот филм.

картал

Според Катрал во моментов сите учеснички во романтичниот филм се зафатени со други проекти.”Навистина не знам. Се чини дека сите веќе се занимаваат со други работи. Ќе биде многу тешко повторно да се собереме заедно. Но, секогаш кога ќе се видиме,не ни е сеедно  и како никогаш да не сме се делеле”, изјави актерката во одговор на прашање има ли некаква перспектива за “Сексот и градот 3”.

Ким откри дека  сé уште и се нудат улоги кои имаат поразителна сличност со нејзината хероина во комедијата, иако серијата заврши во 2004 година

Слични содржини