Ким си го брани задникот: Ми го фотошопираат за да изгледа полошо!

од Vladimir Zorba

Телевизиската ѕвезда Ким Кардашијан си го заштити задникот објаснувајќи дека фотографиите кои беа објавени за време на одморот во Мексико и предизвикаа илјадници коментари, се со фотошоп.

Бринетата тврди дека фотографираниот задник намерно е обработен дигитално, за да изгледа “полошо”, отколку што е навистина.

36-годишната Ким призна дека не е во “најдобра форма” и не спортувала во текот на 12 недели, кога биле направени фотографиите, но е убедена дека сликите се “изострени” од папараците, за да ѝ го направат фрапирачки задникот.

“Ги видов овие ужасни слики за време на одморот во Мексико и луѓето ги имаа фотошопирано”, рече Кардашијан во The View во вторникот, цитирана од Daily Mail.

“Дефинитивно не бев во најдобра форма. Не бев спортувала околу 12 недели имав две операции на матката. Документирано е тоа во шоуто. ”

Таа се пофали дека повеќе од три недели е на нов фитнес режим, кој вклучува и строга диета и работи со девојка со која се запознала во социјалните мрежи.

“Дефинитивно мислам дека ќе има резултат. Станувам секое утро помеѓу 5:30 и 6:00. Тренирам пред да станат моите деца по час и половина “. Според неа, по исцрпувачките тренинзи таа целосно ги променила своите навики во исхраната.

Ким вели дека со новиот фитнес гуру научила да јаде правилно. “Таа навистина ми помогна со мојот прехрамбен план, ги додаде најздравите јаглехидрати – зеленчукот.

Претходно едноставно не јадев правилно. Гледам како за неколку недели моето тело се стегна. Буквално едноставно се смалувам. Правиме интензивни тренинзи, а јас сакам да спортувам. Тоа е големо олеснување на стресот “, заклучи Кардашијан.

Фото: Daily Mail

Слични содржини