Кина покрена интернет страница за пријавување шпиони

од desk2

Кинеските власти пуштија во употреба интернет страница на која граѓаните ќе можат да пријават субверзивни активности или лица за кои ќе се посомневаат дека се шпиони.


Министерството за национална безбедност на Кина вчера ја покрена страницата www.12339.gov.cn – на која ќе можат да се пријават дејности кои можеби претставуваат закана за „уривање на социјалистичкиот систем”, пренесуваат локалните медиуми.

Услугата е достапна на мандарински и на англиски. Пекинг особено внимава на опасноста од „непријателски странски сили” и властите се повеќе повикуваат граѓаните да собираат информации.

Оние кои ќе достават информации преку сервисот, во образецот ќе треба да наведат дали се работи за шпионажа, тероризам, сепаратизам, оддавање државни тајни, субверзивни дејства…

Онлајн доушникот останува анонимен, но оние кои ќе го злоупотребат сервисот со лажни податоци, ќе сносат последици, соопштуваат кинеските власти.

Слични содржини