Кина пронајде начин да го спречи преминувањето на пешаци на црвено светло

од desk2

Кина инсталираше нов систем кој ќе прска со вода за да спречи несовесно преминување улица и движење по улица. Жолти столбчиња опремени со технологија за препознавање лице се поставени од двете страни на пешачките премини и прскаат вода кога ќе детектираат дека некој поминува покрај нив, но само доколку е црвено светло на семафор. Ова е најновата технологија за спречување на пешаците да поминуваат на црвено светло на семафор, пренесува DailyMail.

На Интернет се појави видео на кое се гледаат шолтите столбчиња високи околу половина метар поставени на тротоарот во провинцијата Хубеи во Кина. Столбчињата се конектирани со сообраќајниот систем и ги потсетуваат печаците когетлата на семафорот. „Сега е зелено, ве молиме преминете ја улицата и бидете внимателни“ се слуша глас кога свети зелено светло на семафорот. „Сега е црвено светло. Ве молиме не преминувајте ја улицата, опасно е“ се слуша предупредување кога светлото на семафорот ќе стане црвено.

Некои пешаци се исплашија од водата која им ја прскаат столбчињата во нозете, а некои се љубопитни и сакаат да го тестираат системот. Секој што ќе се обиде да премине на црвено светло не само што ќе биде испрскан со вода, туку ќе биде зачувана фотографија од неговото лице и ќе биде прикажана на голем екран во близина на пешачкиот премин. Системот се уште се тестира и ќе видиме дали ќе се најде и во други кинески градови.

https://www.youtube.com/watch?v=XqPMz4I_Mlo

Слични содржини