Кина: Реториката на САД и Северна Кореја станува многу опасна

од Vladimir Zorba

   Кинескиот амбасадор во ОН Лиу Џеји вечерва изјави дека ескалацијата на реториката меѓу Северна Кореја и САД станува премногу опасна и оти преговори се единствено решение.

– Ние сакаме нештата да се смират. Стануваат премногу опасни и не се во ничиј интерес.

Се надеваме дека (САД и Северна Кореја) ќе увидат дека не постои друг начин освен преговори за решавање на нуклеарниот проблем на Корејскиот Полуостров.

Алтернативата е катастрофа, порача Лиу.

Слични содржини