Кина забрани одржување на концерт на Џастин Бибер

од Vladimir Zorba

Џастин Бибер нема да одржи концерт во Кина. Канадската музичка ѕвезда доби забрана зажувањее на концерт во Пекинг поради “лошо однесување”.

Ова се вели во соопштението на пекиншкото општинско биро за култура во одговорот на прашања од страна на обожавателите – зошто концертот на поп ѕвездата е откажан.

“Неговото недолично однесување, додека живее и работи во странство и за време на настапите во Кина, провоцираат јавно негодување. За да го регулираме локалниот забавен пазар и да ја очистиме околината, сметаме да е непримерено да повикаме изведувач кој лошо се однесува”, се наведува во соопштението на кинескиот регулатор. 23-годишниот пејач во моментов е на светска турнеја, која вклучува концерти во Јапонија, Индија, Хонг Конг, Филипини, Сингапур и Индонезија.

На официјалниот сајт на Џастин Бибер не се наведени датуми за шоу во Кина. Постои сепак конфузијак, бидејќи во земјата се продаваат билети за концерт на Бибер во Пекинг на 16 септември и во Шангај на 23 септември.

Сајтот, продава билети, посочиле за CNN и тие велат дека не се запознаени со одлуката на кинеските власти, но изразиле подготвеност да ги вратат парите на фановите, ако навистина нема концерти на поп ѕвездата.

Според извор од културниот регулатор во Шангај нема особено голема шанса локалните власти да одобрат концерт на Бибер при објавената одлука од страна на регулаторите во Пекинг. Ова не е прв пат, во кој Џастин Бибер е во центарот на вниманието поради скандал.

Меѓу нив се обвиненија за плукање на обожаватели, улични незаконски трки и др. Кина има искуство во забраната на музичари, но не поради “лошо однесување”, а поради средби со тибетскиот духовен учител Далај Лама. Меѓу нив се Лејди Гага, Селена Гомез, Бон Џоуви, Маруун 5, Линкин Парк и Бјорк.

Слични содржини