Кинески музеј обинет за расизам заради споредување на Африканците со животни

од desk2

Музеј во кина ја тргна изложбата на фотографии на кои се претставени животни спарени со црни Африканци. Обвинети се за расизам.


Изложбата под наслов„Ова е Африка“ во провинцискиот музеј Хубеј во градот Вухану прикажуваше диптиси, окои секоја содржи фотографија на афрички човек спореден со лице на животно.

Особено внимание зеде фотографија на дете со отворена уста која беше споредена со горила, а останатите споредуваа и гепарди и бабуни.

Изложбата е тргната по тужба на Африканците, вклучувајчи и некои кои живеат во кина, рече кустосот.

Сите фотографии ги сними Ју Хуипинга, градежен магнат кој патувал во Африка повеќе од 20 пати, а претходно освои награда за својата работа.

Слични содржини