Кирацовски: За уцени кон администрацијата предвидена е затворска казна до три години

од desk3

Ве охрабрувам да ги пријавите сите притисоци, заплашувања, повреди на слободата на определување што се поврзани со изборниот процес, рече Александар Кирацовски, дополнителен заменик-министер за информатичко општество, на денешната прес-конференција, на која го најави проектот „Пријави притисок за фер избори“.

14813603_10210894675632900_1442204230_n

– Сите неправилности ќе може да ги пријавите анонимно на адресата www.dzm-mioa.mk и на телефонскиот број 02/ 3200955. Целта на овој проект е да се мотивираат сите вработени во администрацијата да пријават закани и да се обесхрабрат функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да вршат какви било притисоци – рече Кирацовски.

Тој додаде дека тие што ќе се закануваат и ќе уценуваат или ќе прават притисоци врз вработените во администрацијата, можат да добијат и затворска казна до три години. Ако, пак, лице вработено во јавната администрација врши ваков вид казниви дела, казната за него може да биде и до пет години.

 

META

Слични содржини