Германскиот канцелар се соочува со уште една од многуте кризи, со која треба да се справи, но веќе со помалку сојузници

1466930790-merk

Германскиот канцелар Ангела Меркел е бесна од резултатот од референдумот во Британија. Сега токму таа ќе мора да ја предводи борбата против т.н. “Десен популизам” во Европа. Излегувањето на Велика Британија од Европската унија по се изгледа дека ќе потрае две години.

До тогаш во сила ќе остане статус кво, истакна во своето обраќање сојузниот канцелар. Во случај дека по парламентарните избори во 2017 година таа да ја напушти својата функција, со последиците од “Брекзит” ќе се занимава некој друг.
Впрочем Меркел не мисли така.

Не случајно министрите за надворешни работи на земјите-основачи на Унијата се собраа во Берлин, за да разговараат за нивните понатамошни чекори. Во периодот на управување на Меркел германската престолнина заедно со Брисел стана политички центар на ЕУ.

Сложени времиња за надворешната политика

Одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ ја наруши рамнотежата на моќта во организацијата. Во лицето на Велика Британија Германија губи клучен сојузник по овие прашања на европската политика, како стимулирање на економскиот раст и почитување на буџетската дисциплина.

Сега гласот на Франција при разгледувањето на прашањето за ублажување на Маастришкиот договор ќе звучи уште посилно. Ако Холанѓаните или Данците исто побараат да ја напуштат ЕУ, Германија ќе загуби уште истомисленици. За источноевропските земји СРГ веќе не е така блиска, како порано.

Главната улога за балканските земји и земјите од Вишеградската четворка ја игра Полска. А во Варшава како и пред брегзиот гласот Меркел е омразен поради нејзината имиграциска политика.

А германските популисти? Тие ги тријат рацете и гледаат во “Брекзит” потврда на тоа дека нивната политика, насочена против владејачката елита, наоѓа одговор во народот. Популистте сугерираат на своите / потенцијални / избирачи: видете, сè станува, алтернатива секогаш има.

Изберете нас! Тоа се токму овие зборови, кои сакаат да слушнат избирачите, разочарани од политиката на актуелните власти. Партијата “Алтернатива за Германија” / АГ / одамна веќе воспоставила контакти со останатите десничарски популисти во Виена, Париз, Хаг и Лондон. Сите тие следат така наречен “европски план”, обидувајќи се да дојдат на власт.

Претседателските избори во Австрија станаа важен настан, но неговите последици до моментот се уште не се познати. А сега и референдумот во Британија, кој е од корист за популист.

Тешкотии за внатрешната политика

Колку повеќе зајакнуваат позициите на популисти во која и да било земја, толку подобро за секоја одделно земена популистичка партија. Многумина би сакале да го видат на функцијата претседател Доналд Трамп.

И тоа може да доведе до тоа дека позициите на АГ да станат уште посилни. На крајот тоа може да доведе до загрозување на позициите на оваа парламентарно мнозинство. Не е јасно тогаш дали ХДЗ / ЦСУ ќе имаат доволно поддршка за формирање коалиција со Зелените или со оцијалдемократите?

Способна ли е Меркел да спречи овој тренд и да и понуди на Европа и Германија друг модел на развој? Или ние ќе станеме сведоци на промена на епохата “политичка револуција”, како што велат во АГ?

За момент ЕУ успеа да преживее нападот против сопствената валута / кризата на еврозоната /, принципот на мирен соживот / Кримската криза / и против своите отворени граници / миграциската криза /. Во ова заслуга има и Меркел, и покрај сите грешки кои допушти. Кои ќе бидат последиците од кризата “Брекзит” се уште не е доволно јасен.

Слични содржини