Чиле и Аргентина ќе се соочат еден против друг во финалето на 44-то издание на турнирот Копа Америка. Дуелот е на националниот стадион во Сантијаго од 23 часот.
Двата тима стигнаа до финалето без да запишат загуба во трката. Чилеанци и Аргентинци си дозволија да направат само по едно реми во групната фаза. Во полуфиналето Чиле победи со 2:1 против Перу, а Аргентина го разнесе со 6:1 Парагвај.

argentina-v-paraguay-sf-gallery_1hmg534cppp1l1hdxrbxf6wihr

Домаќините се мотивирани за првиот успех на турнирот, каде што имаат изгубено две финалиња – 1979 година од Парагвај (во два натпревари – пораз со 0:3 и победа со 1:0) и 1987 против Уругвај (0:1).

За Аргентина Купот може да е 15-ти (ќе се изедначат со Уругвај со најмногу признанија на турнирот), но трофејот ќе е прв повеќе значителен со националниот дрес на ѕвездата на “гаучосите” Лионел Меси, кој има само два трофеи досега, со олимпискиот (2008 година) и младинскиот тим на земјата (2005 година).

До овој момент во турнирот Чиле има дадено 13 гола и 4 примени. Аргентина без никакво сомнение е со најсилната одбрана – само 3 примени погодоци. “Гаучосите” постигнале 11 гола до овој момент во трката, но интересно е дека седум од погодоците се во фазата на елиминација. На полуфиналето против Парагвај реализира повеќе голови отколку што тимот беше постигнал во претходните четири средби.

Чиле и Аргентина излегуваат еден против друг во повторување на финалето од 1955 година, кој повторно се игра на националниот стадион во Сантијаго. “Гаучосите” тогаш победија со 1: 0 по голот на Мичел.

Ѕвездата на Чиле Алексис Санчез го заврши полуфиналето против Перу со мускулни проблеми, но пред финалето увери дека е опоравен и ќе започне во првиот состав на селекторот Хорхе Сампаоли.

Тренерот на Аргентина Герардо Мартино има еден единствен прашалник за својот состав и тој е поврзан со Есекиел Гарај. Тој го пропушти полуфиналето против Парагвај, бидејќи не беше расположен. Ако дефанзивецот сеуште не е целосно подготвен, ќе биде заменет од Мартин Демикелис.

Судија на натпреварот е Уилмар Ролдан од Колумбија.

Веројатниот состав на Чиле: Клаудио Браво – Маурисио Исла, Гери Медел, Силва, Еухенио Мена – Артуро Видал, Марсело Дијаз, Чарлс Аранхис – Алексис Санчез, Хорхе Валдивиа, Едуардо Варгас.

Веројатниот состав на Аргентина: Серхио Ромеро – Пабло Сабалета, Есекиел Гарај, Николас Отаменди, Маркос Рохо – Лукас Билиа, Хавиер Маскерано, Хавиер Пасторе – Лионел Меси, Серхио Агуеро, Анхел ди Марија.

Слични содржини