Кортни Кокс откри дека ќерка ѝ Коко ќе пее на нејзината свадба со ирскиот музичар од групата “Snow Patrol” Џони Макдеjд. 10-годишното девојче кое е од бракот на Кортни со Дејвид Аркет, одело на часови по пеење и се возбудило многу за можноста за докажување и тоа токму на свадбата на мајка си.319117c1cde20ca9d26d3512ec3464e4

Самиот 38-годишен иден младоженец пак ѝ објави љубов на 50-годишната актерка со прикачување на симпатична фотографија на неговиот Twitter профил, со порака: “Еве ја мојата убава девојка“.

На сликата Кортни позира со ѓердан, што е направен од мајката на Ед Ширан – Имоџен.

Се очекува поранешната ѕвезда од серијата “Пријатели” да склучи брак со 12 години помладиот вереник ова лето, ао поверојатно е тоа да се случи во САД, бидејќи 80-годишната мајка на актерката не може да патува до Ирска, каде пак се роднините на Џони.

Минатиот месец се појави информација дека Кокс и Макдејд се пред разделба и дека свадба нема да има, но со оваа слика двојката ги демантираше гласините.

Слични содржини