Лекарите ја исклучија од системот за одржување во живот единствената ќерка на познатата американска пејачка и актерка Витни Хјустон – 21-годишната Боби Кристина Браун, пренесе “Дејли мејл”.whitney-houston-bobbi-kristina-inline

Според изданието, лекарите дошле до заклучок дека нема надеж девојката да оздрави. Претходно беше објавено дека таткото на Боби Кристина – познатиот музичар Боби Браун, сакал да се почека до 9 февруари, понеделник, за одлуката за судбината на неговата ќерка. Вчера роднините на Кристина Браун се собрале во болница, за да ѝ кажат последно збогум.

Таа беше пронајдена пред неколку дена безживотна во када во својот стан во Џорџија. Таму 21-годишното девојче живееше со својот пријател Ник Гордон. Причините за состојбата на Боби Кристина засега се непознати. Во нејзиниот дом не е пронајдена дрога.

Вестите за тешката состојба на Боби Кристина дојдоа само една недела пред да бидат наполнети три години од смртта на нејзината мајка, која исто така почина по давење во својата бања како последица на предозирање.

Слични содржини