Единствената ќерка на американската пејачка Витни Хјустон – Боби Кристина Браун, која почина во неделата, ќе биде погребана до мајка си на гробиштата Фервју, Њу Џерси, соопшти телевизијата ABC News.whitney-houston-bobbi-kristina-inline

Погребот на Боби Кристина ќе биде во понеделник. Церемонијата ќе биде во Евангелско-методистичката црква Сент Џејмс во Џорџија.

Боби Кристина Браун починала во опкружувањето на најблиските во еден од медицниските домови на државата Џоџо. Таа беше пронајдена во несвест на 31 јануари во када со вода. Таа беше однесена во болница во Атланта, каде што лекарите ја внесоа во вештачка кома, во обид да го спасат нејзиниот живот. Потоа нејзината состојба се влоши и таа беше префрлена во клиника, каде што се чуваат безнадежно болни. Тогаш телевизијата Фокс њуз тврдеше дека пациентката се наоѓала “во вегетативна состојба”.

Нејзината славна мајка беше пронајдена мртва во када во хотелската соба во февруари 2012 година. Според истрагата Витни Хјустон, добитничка на 6 музички награди “Греми”, починала од акутна срцева слабост по употреба на кокаин. Татко на Боби Кристина е познатиот музичар Боби Браун.

Слични содржини