Кју Клукс-клан со митинг во С. Каролина ќе ја слави победата на Трамп

од desk3

ККК (Кју Клукс-клан) објави “победничка” парада во Северна Каролина по изборот Доналд Трамп како претседател, соопшти британскиот “Телеграф”.

image_5870864_126

“Кандидатурата на Трамп го обедини мојот народ”, се вели во соопштението на лојални бели рицари, како што ККК се нарекуваат себеси. Парадата ќе се одржи во почетокот на декември. Планираниот митинг нема да е прв во кој поддржувачи на ККК се сојузуваат со новоизбраниот претседател Трамп. Официјалниот весник на ККК ја одобри неговата кандидатура за време на изборите, а неколку истакнати расисти јавно го пофалија.

Дејвид Дјук, поранешен лидер на ККК, го нарече изборот на Трамп како “една од највозбудливите вечери во мојот живот” и истакна дека “нашите луѓе” му помогнале да ја победи Хилари Клинтон. Трамп одби да го поддржи Дјук.

Ерик Трамп подоцна изјави дека Дјук “заслужува куршум”. Весникот на ККК “Крусејдр”, кој себеси се нарекува “гласот на белаиот отпор”, објави напис во поддршка на Трамп една недела пред изборите. “Додека Трамп сака да направи Америка велика повторно, ние треба да се запрашаме: Што ја направи Америка велика на прво место?”, пишува пастор Томас Роб во статијата “Краткиот одговор на тоа е прост- Америка е голема не заради она што ја направија нашите предци, туку поради тоа што беа тие. Америка е создадена како бела христијанска република. И како бела христијанска република стана голема “.

Слични содржини