Кандидатот на републиканците за претседателските избори во САД, Доналд Трамп заостанува зад неговата противничка од Демократската партија, Хилари Клинтон со осум отсто, покажуваат резултатите на истражување на јавното мислење, во врска со расположението на гласачите. клин

Анкетата на Ројтерс и на институтот Ипсос беше спроведена по втората претседателска дебата во неделата вечерта, во која Трамп беше принуден да даде објаснување за коментарите, снимени во 2005 година, во кои тој зборува за женските гениталии.

Според истражувањето Клинтон ја зголемила предноста на осум отсто во понеделникот, од пет проценти, колку што имаше минатата недела.

Четириесет и пет отсто од испитаниците велат дека ќе гласаат за неа, 37 отсто за Трамп, а 18 проценти изјавуваат дека нема да да поддржат ниту еден од нив двајца.

Слични содржини